Арно го победи Безос на real time листата на Forbes

166

Најбогатиот Французин, сопственик на LVMH, Бернар Арно го престигна сопственикот на Amazon, Џеф Безос и стана најбогатиот човек на планетата, според Real time листата на Forbes.

Нето имотот на Анро сега се проценува на 117 милијарди долари, откако акциите на неговиот конгломерат, којшто се занимава со луксузни производи LVMH, имаа пораст, поради што тој се искачи на листата, којашто се ажурира во реално време.

Од друга страна, Amazon изгуби 0,7% од својата вредност во последната трговска сесија, поради што Безос падна на второто место со 115,6 милијарди долари.

Фото: Pexels