Arthur’s со своја продавница во новиот трговски центар Skopje City Mall

297

Од сега фановите на Converse и Dr. Martens ќе можат да одбираат и купуваат со задоволство од најновите трендовски колекции на светски познатите брендови во Skopje City Mall, во новата продавница на Arthur’s која се наоѓа на првиот кат во самиот трговски.

Како и до сега, Arthur’s ќе се потруди да одговори на желбите и барањата на сите свои потрошувачи, па затоа и оваа продавница ќе изобилува со огромен избор од најновите колекции на брендовите Converse и Dr. Martens, како и од квалитетните зимски чизми на брендовите Lomer и Escape.

На самото отворање на трговскиот центар Skopje City Mall, на ден 04.10.2012 година (четврток) во 12:00 часот, Arthur’s ќе го додели ваучерот во вредност од 3.000 денари на победникот на наградната игра „Една слика вредна еден ваучер“, која изминативе две недели се одвиваше на социјалната мрежа Facebook и со тоа ќе биде награден најголемиот фан на страната и брендовите, кој се потруди да собере најмногу лајкови во текот на натпреварот.

Arthur’s ги поканува сите свои фанови на големото отворање, каде секој купувач ќе добие и мал подарок како почесен потрошувач на првиот ден од отворањето на новата продавница.