AssiStep – уред што движењето по скали го прави безбедно и лесно

42

assistep

AssiStep е уред што на луѓето со физички потешкотии им го олеснува движењето по скали.

Лесно може да се постави на било какви скалила, нудејќи безбедно и самостојно движење на постари или лица кои имаат физички потешкотии при качување или симнување.

Зад овој уред стои истоимениот старт – ап од Норвешка, којшто успешно ја заврши кампањата на платформата за групно финансирање, Fundedbyme.