AstraZeneca ќе испорача уште девет милиони дози вакцини во ЕУ

30

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави дека компанијата AstraZeneca ќе достави девет милиони дополнителни дози на вакцини против коронавирус во првиот квартал, со што ќе бидат испорачани вкупно 40 милиони дози.

Таа на Twitter напиша дека AstraZeneca ќе започне да доставува вакцини една недела порано од планираното, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен додаде дека компанијата ќе ги прошири своите производствени капацитети во Европа.

Европската агенција за лекови деновиве ја одобри употребата на вакцината против Kовид-19, изработена од британско-шведската компанија AstraZeneca во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Фото: Facebook