AT&T создава компанија од 150 милијарди долари

72

Американскиот телекомуникациски гигант АТ&T најави договор со којшто се предвидува спојување на неговите продуцентски куќи Warner Media и Discovery, со што може да им стане сериозна конкуренција на Netflix и Disney.

Според договорот, АT&T ќе добие вкупно 43 милијарди долари, а тој износ опфаќа комбинација од готовина, обврзници и задржување на правото Warner Media да наплати одреден долг, пренесува CNBC.

Акционерите на AT&T во новата компанија ќе имаат удел од 71%, додека акционерите на Discovery 29%.

Доколку регулаторното тело го одобри спојувањето, договорот ќе значи враќање во живот на долгорочниот план на компанијата да го здружи производството на содржини со дистрибуција во една вертикално интегрирана компанија. Договорот ќе значи и нова компанија, одвоена од АТ&Т, чија пазарна вредност би можела да се процени на 150 милијарди долари, вклучувајќи и долг, наведува Financial Times. На чело на новата компанија ќе биде главниот извршен директор на Discovery, Дејвид Заслав.

AT&T е сопственик и на студијата НВО u Warner Bros.

Според Ројтерс, новата компанија од 2023 година се очекува да има приходи од околу 52 милијарди долари.

Фото: Facebook