AT Transporter – мултифункционално летало за транспорт на луѓе и товар

59

transporter-disaster-reliefФото: Advanced Tactics

Американската компанија Advanced Tactics, со седиште во Калифорнија, креираше возило коешто може да достигне максимална брзина од 354 km/h и да лета на висина од 7.600 метри, пишува New Atlas. AT Transporter, е еден вид хеликоптер што има капацитет да пренесе шест лица, односно тежина од 544 килограми и да лета минимум седум часа без полнење. Благодарение на делот за пренос, леталото може да извршува повеќе функции и да носи различен товар.

Леталото може да се искористи за повеќе намени, за гаснење на пожар, (разнесувајќи 143,7 литри вода на потребни локации), за носење на намирници на места погодени од катастрофи, пренесување на опрема за спасување како чамци, медицински материјал и слично.

Способно е да лета со и без пилот. Пилотот може да го управува од земја, да лета со него или да го остави AT Transporter самостојно да ја заврши работата.

Компанијата планира да произведе верзија што ќе пренесува три и шест лица. Цената за првото ќе биде 249.000 долари, додека за второто 395.000 долари, а се очекува да започне со испорака следната година.