Атина сака да го заштити грчкиот јогурт

54

grcki-jogurt-pixabayФото: Pixabay

Грчкото министерство за земјоделство се надева дека ќе ја убеди Европската унија да воведе пропис со којшто ќе се забрани производство на грчкиот јогурт, на било кое место освен во Грција, пишува Greekreporter.com.

Европската унија овозможува три специјални обележја на производите што се сметаат за уникатни: заштитена географска ознака (protected geographical indication – PGI), заштитена ознака на потекло (protected designation of origin – PDO) и загарантирана специјалност на традицијата (TSG).

За да добие ознака PGI, производот мора да биде произведен или подготвен во географско подрачје со кое што се поврзува. ЕУ ќе ја додели оваа ознака само доколку одлучи дека производот има репутација, карактеристики или квалитет што се резултат од одредено географско подрачје. Но, Атина сака грчкиот јогурт да ги добие двете ознаки – PDO и PGI.

Во 2016 година, Грција имаше спор со Чешка бидејќи таа земја произвела “јогурт во грчки стил“.

Грчкиот јогурт се прави така што обичниот јогурт се цеди, со што се отстранува сурутката и лактозата и на крајот се добива производ со погуста структура.