Атинската берза поднесе апликација за членство во СЕЕ Линк

22

atinska berza

Атинската берза овој месец поднесе апликација за членство во регионалната платформа СЕЕ Линк.

Белградската и Љубљанската берза поднесоа апликација за пристап во СЕЕ Линк во февруари оваа година, а Бањалучката берза го направи тоа минатиот месец.

Вклучувајќи ги трите берзи основачи (Загрепската, Македонската и Бугарската), СЕЕ Линк сега се проширува на вкупно седум пазари.

Платформата за пренасочување на налози за тргување СЕЕ Линк стана целосно оперативна на крајот на март оваа година. Двата индекса на СЕЕ Линк See LinX I SEE Linx EWI беа лансирани на почетокот на овој месец, а во нивниот состав влегуваат 10-те најтргувани хартии од вредност котирани на трите берзи – основачи.

СЕЕ Линк платформата моментално поддржува тргување со хартии од вредност на бугарскиот, хрватскиот и на македонскиот пазар.