Атлантик Група ја презеде дистрибуцијата на Unilever на хрватскиот и словенечкиот пазар

21

atlanticХрватската Атлантик Група ја презема дистрибуцијата на еден од најголемите светски произведувачи на производи за широка потрошувачка Unilever на хрватскиот и словенечкиот пазар.

Договорот, доколку се земе предвид вкупната годишна вредност на продажбата на портфолиото на двата пазари, е вреден вкупно 32 милиони евра.

Со преземањето на дистрибутивното портфолио на Unilever на хрватскиот и словенечкиот пазар, Атлантик Група го потврдува својот статус на водечки дистрибутер во регионот.

“Големо признание за нашата работа претставува тоа што една успешна интернационална компанија како Unilever ги препозна вредноста и потенцијалот на дистрибуцијата кои ги развиваме повеќе од 20 години и одлучи да даде поддршка на нашиот искусен менаџмент и дистрибутивна поддршка, кои преку давање на врвни услуги и квалитетни односи со купувачите има големо познавање на пазарите. Низ натамошната соработка, ќе ја оправдаме укажаната доверба и заслужената репутација, на обострано задоволство на сите наши купувачи и потрошувачи”, изјави Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик Група.

Вкупните приходи на познатата мултинационална компанија надминуваат 50 милијарди евра, а во нејзиното портфолио спаѓаат глобално познатите брендови Knorr, Rama, Lipton, Bertolli, Hellmann’s, Dove, Axe, Rexona, Cif, Domestos и многу други.

“Ние во Unilever се радуваме на новата соработка со Атлантик Група во Хрватска и Словенија, од која имаме големи очекувања. Ние сме многу посветени на овие пазари кои се многу важни за нас, па со потпишување на договор со еден од водечките дистрибутери во регионот, сакаме да го зајакнеме нашиот бизнис, да го забрзаме растот, но пред се, сакаме на нашите клиенти и потрошувачи да им обезбедиме уште поквалитетна услуга”, изјави Харм Госенс, извршен потпретседател на Unilever за Средна и Источна Европа.