Хрватската компанија Атлантик Група на почетокот на мај договори регионална дистрибуциска соработка со американскиот бренд Монстер.
Асортиманот на енергетски пијалоци на Монстер веќе успешно е лансиран во Србија и Македонија. Монстер е вториот најголем светски бренд во сегментот на енергетски пијалоци, а е присутен на 49 пазари ширум Европа, Блискиот Исток и Африка, стои на интернет страната на компанијата.