Атлантик група ќе го дистрибуира енергетскиот пијалок Монстер

32

tedeski

Хрватската компанија Атлантик Група на почетокот на мај договори регионална дистрибуциска соработка со американскиот бренд Монстер.

Асортиманот на енергетски пијалоци на Монстер веќе успешно е лансиран во Србија и Македонија. Монстер е вториот најголем светски бренд во сегментот на енергетски пијалоци, а е присутен на 49 пазари ширум Европа, Блискиот Исток и Африка, стои на интернет страната на компанијата.