Атлантик Група оствари раст на продажбата и нето профитабилноста во првиот квартал

35

atlantik grupa

Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година оствари приходи од продажба во вредност од 154,4 милиони евра, што во споредба со првиот квартал од 2014 година, претставува раст од 3%. Добивката пред оданочување изнесува 9,6 милиони евра што претставува намалување за 14,2%, додека нето добивката по исплата на малцинските акционери изнесува 5,8 милиони евра што значи раст од 39,3%.

“И покрај пазарните предизвици во регионот и пошироко посебно во Русија и Украина, Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година бележи раст на приходите од продажба и подобрување на профитабилноста. Во средина на март 2015 година пуштен е во употреба производниот погон за енергетски барови во Нова Градишка, што претставува најголем инвестиционен циклус на Атлантик Група во развој на производството, а успешно е започнат и процес  на интеграција на компанијата Foodland, која со брендот Бабините тајни ќе го зголеми асортиманот на производи на Атлантик Група. Во продолжение на 2015 година, фокусот ќе биде на понатамошниот раст и интернационалното работење, управување со оперативните и финансиски ризици, оптимизација на работењето, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.

Со отворање на современиот погон за енергетски барови во чија изградба и опремување е вложено 13 милиони евра, продолжува консолидацијата на производните капацитети на Атлантик Група, а производството на енергетски барови успешно е префрлено од надворешните договорни произведувачи, во сопствениот погон. Дополнително, во почетокот на оваа година српската комисија за заштита на конкуренција го одобри преземањето на компанијата Foodland, со што се исполнети условите за интеграција на компанијата во состав на Атлантик Група, и вклучување во консолидираните резултати за 2015 година. Во првиот квартал, фокусот е на интензивната интеграција на компанијата во составот на Атлантик Група, и во таа смисла се истакнува префрлувањето на регионалната дистрибутивна мрежа на Атлантик Група, и ширење на регионалното присуство на брендот Бабините тајни.

За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првиот квартал од 2015, најмногу придонесоа Стратешката бизнис слатко и солено со раст од 5,9%, Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 9,8%, Стратешката бизнис област кафе со раст од 3,1%, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 15,2% , Србија со раст 5%, Словенија со раст 6%. Кафето со 18,8% удел во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со 28,7 милиони евра приходи од продажба.

Гледано по пазари, најголем раст од 11,7% е остварен на пазарот во Хрватска што изнесува 25,8% од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Србија со 22,6% има најголем удел во вкупните приходи од продажба и оствари раст од 6,3%.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 63,1%, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 20,1%, фармацевтскиот синџир Фармација со 7,2%, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,5% во вкупната продажба.