Атлантик Група со раст на добивката од 13,4%

36

tedeskiАтлантик Група во првиот квартал на 2014 година оствари приходи од продажба во износ од 149,9 милиони евра, што во однос на првиот квартал од 2013 година претставува пораст од 4,1%. Добивката пред камата и одданочување (EBIT изнесува 11,4 милиони евра и бележи пораст од 13,4% во однос на истиот период во 2013 година, додека нето добивката после надоместокот на малцинските акционери изнесува 4,3 милиони евра и претставува раст од 5,2% во однос на истиот период минатата година.

“Атлантик Група ја започна годината со раст во работењето, задржувајќи ги претходно најавените очекувања, и покрај недостатокот на економско заздравување во текот на првиот квартал во регионот, но и пошироко. Притоа во овој период најмногу се истакнува зајакнувањето на дистрибутивното портфолио во регионот, растот на продажбата надвор од регионот, во согласност со интернационалниот фокус на компанијата и подобрување на профитните маржи на сите нивоа. И во наредниот период, ние ќе се фокусираме на развој на деловното работење, управувањето со ризиците, одржувањето на ликвидноста и управувањето со финансиските обврски “, изјави Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик група.

Работењето на Атлантик бизнис Група во првиот квартал беше одбележано со почетокот на диструбицијата на портфолиото на Унилевер на хрватскиот и словенскиот пазар.

За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првиот квартал од 2014, најмногу придонесоа стратешките бизнис области Спортска и активна исхрана (раст од 5,9%) и Здравје и нега (7,1%). Кафето со 18,8% удел во вкупниот приход од продажба се истакнува како најголема поединечна категорија со 28,2 милиони евра приход од продажба.

Во однос на пазарите, најголем раст е остварен на пазарот во Словенија (23,0%) со што овој пазар сочинува 15,1% од вкупниот приход од продажба на Атлантик Група. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажба со 23,8% и остварен раст од 9,7%. Пазарите во Русија и другите земји од ЗНД бележат раст од 25,2% и удел од 6,1% во вкупниот приход од продажба на Атлантик Група. Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 13,9% од вкупниот приход од продажба, оствариле пораст од 1,2%.