Атлантик група во преговори за преземање на Канаан?

109

kanaan

Хрватската Атлантик група, во мнозинска сопственост на Емил Тедески, наскоро треба да го заврши длабинското снимање на фирмата Канаан од Доњи Михољац, позната по производство на смоки, чипс и други грицки.

“Атлантик група искажа интерес за купување на Канаан и ако ми понудат цена што нема да можам да ја одбојам, ќе им ја продадам фирмата. Но Канаан е успешна фирма и не сме на продажба по секоја цена”, вели за Т-портал сопственикот на Канаан, Звонко Поповиќ.

Неодамна Атлантик група и Канаан почнаа соработка со потпишување на договор според кој Канаан ќе произведува дел од марките на компанијата на Тедески. Конкретно, станува збор за производство за Соко Штарк, кој работи под капата на Атлантик група. Производството за Атлатик група ќе започне за неколку недели, откако во Доњи Михољац ќе се инсталира нова линија во која е вложено 2,5 милиони евра.

Канаан минатата година оствари приход над 9,97 милиони евра и нето добивка од 705.000 евра. Иако се работи за мала фирма во однос на Атлантик група, станува збор за стратешки важна аквизиција. Канаан е најголем хрватски произведувач на чипс, а токму тој производ недостасува во производното портфолио на грицки на Атлантик, пишува Т-портал.