Атлантик Група зема кредит од ЕБРД за да инвестира во Србија

22

atlantikХрватската Атлантик Група со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) договори кредит во износ од пет милиони евра наменет за унапредување на енергетската и ресурната ефикасност на оперативното работење во Србија, соопштуваат од компанијата, пренесува Seebiz.

Заемот е дел од поголем пакет договорен во ноември 2012 година и ќе овозможи воведување на мерки за подобрување на ефикасноста на компаниите со седиште во Србија.

Освен заштеди во работењето, од овие мерки се очекува конкретно позитивно влијание врз околината, како што е намалување на количината на емисија на CO2.

Претседателот на Управата на Атлантик група, Емил Тедески истакнува дека овој договор, како продолжение на успешната соработка со ЕБРД, ја потврдува Атлантик група како одговорен партнер и покажува постојан ангажман на унапредување на работењето на сите компании на Атлантик група во регионот, обезбедувајќи истовремено долгорочни заштеди во работењето.

Атлантик група е еден од водечките произведувачи и дистрибутери на стока за широка потрошувачка во регионот, првенствено на храна, пијалоци, производи за лична нега, додатоци на исхраната и фармацевтски производи со производни погони во Хрватска, Словенија, Германија, БиХ, Србија и Македонија.