Атрактивни телефони по промотивни цени со новите Вип постпејд тарифи

22

vip

Од денеска, Вип им нуди единствена можност на своите корисници да купат телефони по промотивни цени во рамки на своите нови постпејд тарифи – Vip Mobile.

По минатонеделното спојување на сите брендови на оне.Вип во големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници и воведувањето на новите тарифи за мобилни услуги, денеска Вип започнува нова промоција со којашто корисниците имаат можност да одберат од широкиот избор на атрактивни телефони по промотивни цени.

Така, сите корисници кои ќе активираат нова постпејд линија или ќе го обноват постојниот договорот на Vip Mobile М со договор на 24 месеци, покрај неограничените разговори и СМС пораки кон големата Вип заедница, вклучени минути кон сите национални мрежи и 500 MB интернет за месечна претплата од 549 денари, корисниците можат да го одберат Alcatel Pixi 4 (4) за 0 денари или атрактивниот Huawei Y625 по цена од 1.999 денари.

Корисниците, пак, кои ќе го одберат тарифниот модел Vip Mobile L, покрај неограничениот број минути и СМС пораки кон сите национални мрежи, 3GB брз 4Г интернет вклучени во рамки на месечната претплата од 749 денари, можат да одберат од широката понуда на атрактивни телефони, меѓу кои се истакнува LG K4 за 0 денари. Оваа промоција на атрактивни телефони е со важност до 30 јуни или до завршувањето на количините.

“Вип останува доследен во својата определба да им ги направи достапни на своите корисници најновите решенија за мобилна комуникација. Ги слушаме потребите на корисниците за атрактивни мобилни уреди по поволни цени и сега во комбинација со мобилните тарифи кои нудат неограничени разговори кон големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници и вклучен брз 4Г интернет, им го нудиме токму тоа, останувајќи доследни на ветувањето – Повеќе за вас.“, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.