Audi го прекина производството на уште еден познат модел

16

Audi го прекина производството на TT на 10 ноември минатата година, додека R8 требаше да биде пензиониран набргу потоа. Меѓутоа, тогаш тоа не се случи.
Иако првичниот план беше да се прекине производството пред почетокот на оваа година, R8 остана во производствените ленти во фабриката Bollinger Hofe до сега.

Знаејќи дека се ближи крајот на овој спортски модел, богатите купувачи изминатиот период брзаа да добијат нов примерок. На пример, продажбата на Audi R8 се удвои минатата година во САД.

Американците купиле 631 автомобил во 2023 година, што е зголемување за 101 отсто во споредба со претходната година кога беа продадени 314 единици.

Audi продаде 1.097 единици од R8 во 2022 година и 1.679 во 2021 година, објави Телеграф.