Audi го укинува моделот А1

63

Извршниот директор на Audi, Маркус Дисман потврди дека производството на моделот А1 ќе биде прекинато по сегашната генерација. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи трендот на популаризација на моделите SUV и кросовер продолжува, поради што први на удар беа малите градски автомобили со мотори со три или четири цилиндри.

Ова не мора да значи дека Audi повеќе нема да нуди помал модел, но сигурно нема да користи мотор со внатрешно согорување.

Аudi го означи крајот за А1 уште во февруари, кога компанијата посочи на скапата и економски непрофитабилна електрификација на малите автомобили. Откако А1 ќе се пензионира, Q2 ќе стане почетен модел на овој германски производител.

Фото: Facebook