Audi и Ericsson тестираат 5G технологија во автомобилската индустрија

54

Германскиот автомобилски гигант Audi и лидерот во 5G иновациите, Ericsson објавија планови за пионерска употреба на 5G технологијата за производство на автомобили.

Како што е наведено во соопштението од Ericsson, експертите од двете компании веќе ги спореведуваат првите теренски тестови во техничкиот центар на Audi, како и во фабриката во седиштето на компанијата во Инглоштад, Германија.

Фабриката на Audi е комплетно дигитално вмрежена, а моќната мрежна архитектура може да реагира во реално време, што е од пресудно значење за создавање една “паметна фабрика“, велат од компанијата.  Можностите што ги нуди 5G  технологијата за индустиски апликации во паметна фабрика е првиот проект што се тестира во соработка со Ericsson.

Инаку Ericsson веќе реализира програми базирани на 5G технологии ширум светот, се’ со цел да им помогне на произведувачите да ја зголемат свјата продуктивност, но и да креираат нови деловни прилики.

Во првата фаза од проектот Audi и Ericsson ја тестираат 5G мрежата на апликација којашто ja координира работата на роботот при составување на делови од возилото. Вмрежувањето е така дизајнирано што вклучува WiFi или безжичен LAN, како и оптичка (Etherned) поврзаност на производните компоненти.

Фото: Facebook