Audi поднесе тужба против кинескиот производител на електрични возила Nio

119

Audi поднесе тужба пред судот во Минхен против кинескиот производител на електрични возила Nio за наводно прекршување на правата на заштитените имиња на брендот Audi, пишува германскиот весник Handelsblatt.

Според Audi, одлуката на Nio да ги именува своите два модели ES6 и ES8 ги нарушува правата на Audi за заштитените ознаки на моделите S6 и S8, пишува Handelsblatt.

Портпаролот на Nio одби да ја коментира тужбата, додека портпаролот на Audi не беше веднаш достапен за коментар за Ројтерс.

Nio, премиум брендот кој досега имаше најголем дел од продажбата во Кина, влезе на норвешкиот пазар во мај минатата година и планира да започне со продажба во Германија, Холандија, Шведска и Данска до крајот на оваа година.

Компанијата започна со продажба во Норвешка со моделот ES8, но изјавија дека планираат лансирање во Германија со електричниот седан ET7.