Audi престанува да произведува бензинци и дизелаши

207

Повеќето брендови на автомобили одамна започнаа со електрификација и постепено исклучување на моторите со внатрешно согорување. Сепак, се чини дека Audi ќе ја изврши најбрзата транзиција и ќе понуди исклучиво електрични модели.

Audi претходно објави дека целосно престанаа да развиваат мотори со внатрешно согорување, а сега ги изненадија сите објавувајќи дека од 2026 година воопшто нема да нудат автомобили со вакви мотори.

Според германските медиуми, претседателот на Управниот одбор на Ауди, Маркус Дуесман им соопштил на останатите раководители на компанијата дека постепеното укинување на моделот со мотори на внатрешно согорување ќе се спроведе до 2026 година. Интересно, овој извештај посочува дека од таа година, Audi нема да нуди ниту хибридни модели.

Фото: Audi