August Doorbell Cam – ѕвонче за врата што снима 24 часа во денот

108

zvonceФото: August Doorbell Cam

Ѕвончињата што истовремено служат и како камери се одлични за да видите кој стои пред вашата врата, но нивните снимки најчесто се одвиваат во живо и потоа не можете да ги прегледате.

August Doorbell Cam му овозможува на корисникот бесплатен облак каде што ќе ги складира видеата од безбедосната камера, а ќе биде наменет за сите оние домаќинства што ќе користат Doorbell Cam и Doorbell Cam Pro, пишува Engadget.

Снимките можат да се чуват до 24 часа, а компанијата ќе наплаќа по пет долари месечно или 50 годишно доколку сакате да си ги архивирате вашите видеа и за подолг период.

Засега најголем ривал на August Doorbell Cam е гигантот во е-трговија Amazon што неодамна го лансираше ѕвончето во форма на прстен што функционира како безбедносна камера.