Auticon – компанија што вработува само лица со аутизам

37

Фото: Facebook

Auticon е интернационална компанија којашто вработува само луѓе со аутизам. Основана е во 2013 година, од страна на Греј Беноист, татко на двајца аутистични сина, а денес има 150 вработени.

Многу малку луѓе со аутизам имаат шанса да работат, но оваа компанија е тука за да ја исправи таа неправда.

Во Auticon, вработените можат да користат слушалки ако им смета вревата, да работат во темна соба ако имаат потреба, да не прават паузи за ручек кога другите тоа го прават или да комуницираат само преку мејл. Со други зборови, вработените се најважни за компанијата и секоја активност е приспособена за нив.

Работниците се тестираат во рок од четири недели, за да се одреди дали се способни за долгорочно вработување, пишува BBC.

Компанијата има 12 канцеларии рaспоредени во пет земји: Велика Британија, Германија, САД, Швајцарија и Франција.