Фото: AutoDraw
AutoDraw е апликација на Google којашто, со помош на вештачка интелигенција, го препознава она што корисникот го црта и предлага професионална верзија на истото. Преку оваа апликација, аматерските цртежи се трансформираат во вистинска уметност, пишува Telegraph.co.uk.
Штом корисникот почне да црта, AutoDraw го препознава цртежот и му нуди повеќе опции коишто реално ќе ја пресликаат неговата идеја за тоа што сака да го прикаже.
Освен, можност за прецизно цртање, оваа апликација овозможува и промена на бои, промена на нивниот облик и големина. Штом го заврши сликањето, корисникот може да си ја симне и зачува направената слика.
Апликацијата е достапна и за статични компјутери, но и за мобилни телефони и таблети.