Automattic – компанија со 930 вработени што немаат канцеларија

25

Automattic е голема мултинационална компанија, којашто нема свое седиште односно канцеларии. Сите 930 вработени работат од дома, кафуле или co-working простор, пишува BBC.

На вработените, како што велат, тоа им се допаѓа, а еднаш годишно организираат голем состанок на некое убаво егзотично место. Парите што би ги трошеле за канцеларии се одвојуваат за авионски летови и интересни собири.

Брзите интернет конекции, пораки и видео апликации како и софтверите за соработка и мониторинг во голема мера го олеснуваат ваквиот тип на работење за некои фирми.

Така, наместо во канцеларија, се вработуваат луѓе од повеќе далечни локации коишто можат да одберат дали сакаат да работат од дома или некој друг простор што нив ќе им биде погоден.

Automattic моментално вработува луѓе од 70 различни земји, а компанијата наместо за канцелариски трошоци одвојува пари за потребна опрема во домашни услови или за тоа што ќе потрошат во кафуле или друг простор.

Според истражувањата, повеќе од 1,54 милиони луѓе работат од дома, што е за 884.000 повеќе од пред десет години.

Иако ваквиот тип на работа има свои позитивни карактеристики, за некои луѓе претставува и предизвик, особено кога станува збор за чувството на осаменост и изолираност и “мешање“ на работата и приватниот живот.

Фото: Pixabay