Zapier – компанија со 200 вработени кои работат од дома

42

Фото: Pixabay

Технолошката компанија Zapier е пример за компанија што има околу 200 вработени кои живеат во 20 различни земји и сите работат од дома, пишува CNN.

“Ние сме во 20 различни земји и различен е начинот на којшто комуницираме, затоа го ставаме акцентот на тоа дека никој не може да ви работи зад грб“, вели Вејд Фостер, главен извршен директор и ко – основач на Zapier.

Иако физички не се среќаваат и не делат по осум часа дневно во иста канцеларија, вработените во Zapier практикуваат 30-минутен видео разговор со случајно одбран колега. Тоа, според Фостер, е добар начин да се запознаат колегите, па во одреден момент кога ќе треба да соработуваат, ќе имаат полесна комуникација.

CNN во својот напис наведува и други компании коишто работат и функционираат на сличен начин. Без канцеларии, без редовни состаноци на едно место, но со посветени вработени кои од удобната фотелја на својот дом продуктивно и ефикасно ја завршуваат својата работа.