Avengers: Endgame постави нов рекорд и го симна Avatar од врвот

19

Холивудскиот филм Avengers: Endgame конечно го симна Avatar од врвот на листата филмови со најголеми заработки.

Мега популарниот филм на режисерот Џејмс Камерон ја држеше оваа позиција речиси една деценија со заработка од 2,78 милијарди долари.

Сепак, по 87 дена прикажување во кината од Disney соопштија дека Avengers: Endgame го скршил рекордот заработувајќи 2,79 милијарди долари од бокс офисот.

За разлика од Endgame, на Avatar му требаа 234 дена за да ја заземе челната позиција на листата, пишува CNBC.
Со аквизицијата на Fox, што се случи пред неколку месеци, Disney сега го поседува Avatar и најавените четири продолженија.
Фото: Facebook