Авион на Virgin Atlantic го направи првиот комерцијален лет со гориво од рециклиран отпад

30

Авион на Virgin Atlantic којшто леташе од Орландо, Флорида до Лондон, Англија го направи првиот лет со помош на гориво делумно направено од рециклиран индустриски отпад.

Боингот 747, којшто слета на аеродромот Gatwick во Лондон минатата недела, користеше мешавина од вообичаено гориво за авиони и етанол направен од отпадни гасови, пишува Guardian.

“Овој вид на гориво ги користи отпадните гасови богати со јагледрод од фабриките и на некој начин им дава втор живот, елиминирајќи ја потребата од користење на нови фосилни горива од земјата”, вели основачот на Virgin Atlantic Ричард Брансон.

Според него ова е голем чекор кон заложбата новиот вид на гориво да стане дел од комерцијалната употреба.

Комбинираното гориво во себе содржеше 5% рециклиран отпад, но од Virgin Atlantic велат дека таа бројка во иднина може да порасне и до 50%.

Горивото беше произведено од страна на американската компанија LanzaTech коишто тврдат дека новата мешавина со текот на времето ќе снабдува до 20% од вкупните потреби на гориво во авиоиндустријата.

Според нив тоа би значелео намалување на штетните емисии од стакленичките гасови за 65%.