Авион од Малта вратен поради патничка која одбила да носи маска

32

Авион што летал од Малта за Италија морал да се врати кратко по полетувањето бидејќи една патничка одбила да носи заштитна маска против коронавирус.

На судот било речено дека 24-годишната Италијанка, која е жителка на Бугарија, влегла во расправа со екипажот на летот којашто траел 20 минути, одбивала да стави маска иако била предупредена дека претставува здравствен ризик за сите во авионот.

Авион на летот за италијанската покраина Катанија се врати на Малта, а жената веднаш била уапсена и одведена пред суд.

Признала дека одбила да ги послужа барањата на екипажот. Осудена е на шест месеци условен затвор со рок од две години.

Фото: Freepik