Тим од германски научници од Технолошкиот универзитет во Минхен креираа автоматски систем за слетување што за прв пат овозможи мал авион самостојно да слета на писта без никаква асистенција.
Авионот иако имаше пилот, тој при слетувањето се однесуваше како патник, а леталото не беше помогнато ни од технологијата што авионите обично ја користат при приземјување, пишува Tech Crunch.
И досега авиони самостојно слетуваа, но не во целост од причина што добиваат инструкции од таканаречениот Instrument Landing System или ILS.
При тестовите, тимот користеше Diamond DA42, летало наменето за еден патник, коешто беше опремено со автоматски систем за контрола на процесот со компјутерска визија. Автономното слетување се изврши благодарение на компјутерот којшто беше трениран да детектира писта од далеку, користејќи камери.
Фото: TUM