Авиопревозниците секој ден губат 418 милиони долари

26

Авиопревозниците во светот секој ден губат околу 418 милиони долари, проценува Меѓународното здружение за авиосообраќај (International Air Transportation Association – IATA).

Превозниците во втората половина од годината ќе имаат загуба од 77 милијарди долари, под претпоставка дека ограничувањата за патување ќе останат на сила.

Компаниите во шпицот на сезоната акумулираат резерви, а оваа година во тој период само евидентираа загуби.

“Владите повторно не објавија кога планираат повторно да ги отворат границите и да го укинат карантинот, па не можеме да очекуваме скок во текот на празниците на крајот на годината, а со тоа нема да има и дополнителни пари за да се издржи до пролет“, вели Александар де Јуниак, главен директор на IATA.

Откако пандемијата почна да го зафаќа целито свет, владите обезбедија околу 160 милијарди долари како поддршка на авиокомпаниите, но тоа, според директорот на IATA, не е доволно.

Доколку не се поместат работите и не се зголеми поддршката, во прашање ќе бидат доведени работни места на 4,8 милиони луѓе.

Фото: Pexels