Австралија ќе биде меѓу првите земји во светот што ќе добијат вакцина против Ковид-19 откако владата склучи договор вреден 1,2 милијарди долари со фармацевтски компании за масовна вакцинација на почетокот на 2021 година, објавија властите на оваа земја.
Доколку тестовите бидат успешни, Австралија ќе добие 84,8 милиони дози вакцина од Универзитетот Оксфорд и фармацевтскиот гигант Astra Zeneca, како и од австралискиот Универзитет во Квинсленд и биотехнолошката компанија CSL, соопшти владата.
Премиерот Скот Морисон објави дека Австралијците ќе бидат меѓу првите во светот што ќе примат безбедна и ефикасна вакцина, доколку ги помине последните тестови.
Оваа земја ќе ги добие првите 3,8 милиони дози во јануари 2021 година, а остатокот постепено ќе пристигнува во текот на годината.
Двете вакцини ќе бидат слободно достапни за Австралијците и речиси целосно ќе се произведуваат во Мелбурн.
Фото: Freepik