Австралија: Вештачки опрашувач на пчели ги спојува технологијата и екологијата

104

untitledgd

Фото: Youtube

Австралијанецот Мајкл Кенди креираше синтетички опрашувач што на вештачки начин ги опрашува пчелите, вклучувајќи ги во репродуктивниот систем на локалната флора, пишува Designboom.

Вештачките цвеќиња во голема мера наликуваат на оние во природата и со тоа ги мамат пчелите да дојдат. Низ годините проектот на Кенди се менуваше, од орхидеи до маргаритки. Уредот на фотографијата е изработен според цвет на канола (семе од репка), а тестирањето се вршеше на поле во Вирџинија, Австралија кон крајот на 2017 година.

Со ова спојување на технологијата и екологијата, Кенди се надева дека ќе ја подигне свеста за одржливоста. Цветовите на синтетичкиот опрашувач се направени од различни материјали и процеси, од 3D печатени делови и стакло до машински обработен алуминиум и бакар.

Прототипот користи низа “забрзувачи и поттикнувачи“ за да се дистрибуира полен и нектар до цветните пупки.