Австрија го намалува ДДВ-то за ресторани и културен сектор

93

Aвстријa планира да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за рестораните и културата на 5%, со што би им се помогнало на овие сектори да се изборат со последиците коишто ги трпат поради пандемијата од корона вирусот, а пониската стапка ќе важи до крајот на годината.

Планот ќе биде готов по дводневната седница на владата којашто треба да се одржи денеска и утре и на која ќе бидат претставени и други стимулативни мерки.

За донесување на ваквата мерка на Австрија потребно е одобрување и од Европската комисија.

Мерката, меѓу другото ќе се однесува на влезниците за кино и музеј, за книги и списанија, изјави заменик министерот за култура, Андреа Мајер.

Според нејзините зборови, компаниите кои работат во овие сектори имаат различни стапки на ДДВ, главно од 10 до 13%.

“Ќе го намалиме ДДВ-то за гастрономија (кафулиња, барови и ресторани), култура и секторот издаваштво“, рече австрискиот министер за финансии, Гернот Блумел.

Помалата стапка на ДДВ ќе важи и за продажбата на храна и пијалаци во хотелите, соопшти министерката за туризам Елизабет Кестингер.

Фото: Pixabay