Австрија губи 100 милијарди евра поради пандемијата

36

Корона кризата  предизвика огромни трошоци за австриската држава, кои, според проценките на експертите, достигнаа околу 100 милијарди евра. Само бесплатните тестови ќе ја чинат државата дополнителни 1,8 милијарди евра до крајот на годината, што е само мал дел од трошоците досега.

Економистот Хано Лоренц  смета дека австриската економија е добро поставена за надминување на кризата.

“Ако имаме дисциплиниран буџет, ќе можеме да ја надминеме кризата без дополнителни даноци“, убеден е Лоренц. Сепак, овој аналитичар нагласува и дека кризата ќе има негативно влијание врз БДП на земјата во наредните години.

Фото: Pixabay