Австрија инвестира милијарда евра годишно за зелена енергетска транзиција

21

Австрија одлучи да инвестира милијарда евра годишно до 2030 година за да го забрза производството на струја од обновливи извори и целосно од употреба да ги исфрли фосилните горива.

“Со ова ги поставуваме темелите за климатска неутралност“, рекла министерката за животна средина, Леонор Геваслер.

Владејачката коалиција на конзервативната Австриска народна партија и Зелените сакаат значително да го зголемат производството на струја во фотонапонскиот систем и ветерниците, бидејќи хидроенергијата веќе е застапена во одредена мера.

За да ја надомести намалената потреба на фосилни горива и да ги подмири потребите за енергија, производството на зелена електрична енергија мора да се зголеми на 27 терават часа.

Инвестициите ќе се финансираат со зголемување на годишниот надоместок за зелена енергија што ја плаќаат домаќинствата од 100 на околу 115 евра. Домаќинствата со пониски примања ќе плаќаат по 75 евра.

Фото: Pixabay