Австрија: Правото на користење готовина сакаат да го стават во Уставот

118

Австрискиот канцелар Карл Нeхамер во петокот рече дека „сè повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија“. Неговата канцеларија соопшти дека неизвесноста е поттикната од спротивставени информации и извештаи.

– Луѓето во Австрија имаат право на готовина, рече Нехамер.

Според планот што треба да го подготви министерот за финансии Магнус Брунер, правото на кеш ќе биде заштитено со уставот, како и можноста да се плаќа со готовина, а националните банки ќе бидат обврзани да обезбедат неопходен проток на готовина.

Австрија заостанува зад другите европски земји во поглед на дигиталното плаќање и луѓето повеќе се држат до монети и банкноти, особено при помали, секојдневни купувања.

Секоја година, во Австрија се повлекуваат 47 милијарди евра од банкоматите, а секој Австриец во просек носи 102 евра во кеш. 67% од плаќањата до 20 евра се вршат во готовина“, вели Нехамер.