Австрија: Задолжително користење на вистинското име за онлајн коментари

15

Австрија предложи закон со којшто интернет корисниците ќе мора да го користат вистинското име доколку сакаат да остават свои коментари на одредени веб страни, пишува Engadget.

За останати цели ќе може да се користи прекар или поинакво име, но сепак властите ќе можат лесно да ги најдат тие што ќе го прекршат законот.

Компаниите што нема да го почитуваат ова правило ќе треба да платат казна од 500.000 евра. Законот ќе важи само за веб страни со повеќе од 100.000 регистрирани корисници, со приходи од над 500.000 евра годишно.

Тој нема да важи за веб страните наменети за е-трговија и за оние што не заработуваат од реклами или од сопствената содржина.

Ако биде усвоен и одобрен од страна на ЕУ, законот ќе стапи на сила во 2020 година.

Фото: Pexels