Австрија заедно со Израел и Данска ќе произведува сопствена вакцина

20

Австрија во снабдување со вакцина против коронавирусот веќе нема да се потпира само на Европската унија, рекол австрискиот канцелар, Себастијан Курц, најавувајќи развој на нова варијанта на вакцина заедно со Израел и Данска.

“Европската агенција за лекови е премногу бавна при давање на дозвола за нови вакцини, а има проблеми и со снабдување и испорака на вакцини“, вели тој.

Најави дека неговата земја заедно со Израел и Данска ќе соработува со цел развој и производство на вакцини што би биле ефикасни против новите мутации на вирусот.

“Ние мора навремено да се подготвиме за новите видови. Пандемија со своите мутации ќе нè следи уште некое време“, порача Курц на Twitter.

Тој ја поздрави “раната иницијатива“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен за производство и набавка на вакцини, но најави и дека неговата земја ќе се преземе свои чекори.

Фото: Pexels