Австријците очекуваат тешка финансиска година

45

Австријците очекуваат дека 2021 година ќе биде тешка од финансиски аспект, покажува истражувањето на финансиската институција ING Bank. Дури 29% очекуваат дека 2021 година ќе биде лоша година за нив во однос на финансиите. Но, во исто време, повеќето и покрај тоа не сакаат да штедат.

На минатогодишното истражување на јавното мислење, очекувањата на граѓаните во областа на финансиите беа многу подобри.Тогаш 40% рекле дека очекуваат нивната финансиска иднина да биде добра во новата година. Во сегашното истражување само 24% имаат такво позитивно мислење.

Кога станува збор за штедење минатата година, 40% се изјасниле дека ќе штедат, а годинава само 35%.

Што се однесува до земање кредит, 5% рекле дека ќе треба да земат пари од банка, а  лани само 2%.

Фото: Freepik