Австриска компанија инвестира 300 милиони евра во фабрика за хартија во Турција

51

hartija-pexels

Фото: Pexels

Hamburger Containerboard, што е дел од австриската компанија Prinzhorn Holding, ќе отвори фабрика за хартија во западниот дел на Турција, пишува Хуријет.

Инвестицијата на компанијата ќе биде околу 300 милиони евра, а се очекува да биде комплетирана до 2020 година, до кога се планирани 500 нови работни места.

Оваа фабрика ќе биде прва гринфилд инвестиција на компанијата во Турција. Hamburger Containerboard има седиште во четири компании: Германија, Австрија, Унгарија и Турција.

Новиот погон ќе има капацитет од 480.000 тони картон, со што ќе биде трет производител за хартија во Турција.