Австриски OMV до 2040 година обврзан со договор со Газпром

23

Австрискиот нафтен концерн OMV до 2040 година е обврзан со договор со Газпром, кој предвидува обврска за плаќање, иако веќе не сака ништо да увезува, па ембаргото на рускиот гас може скапо да ја чини оваа компанија.

Пред четири години во палатата Хофбург во Виена свечено беше прославена 50-годишнината од испораката на руски гас во Австрија.

OMV го продолжи договорот за купување руски гас до 2040 година.