Авто Плус Street Show 2022 – Заврши уште еден авто-мото викенд

27

Третото издание на Авто Плус Street Show успешно заврши, а зад нас имаме уште еден одличен викенд кој обедини голем дел од автомобилската индустрија во земјава

Изминатиот викенд, на 3, 4 и 5 јуни се одржа најголемиот авто-мото настан во нашата земја, Авто Плус Street Show 2022, под покровителство на Шпаркасе Лизинг. Прераснувајќи во вистинска традиција, третото издание на овој уникатен саем под отворено небо на нови автомобили, мотоцикли, додатоци и придружна опрема, оваа година траеше три дена и заврши успешно.

Авто Плус Street Show 2022 по трите одлични дена дојде до својот крај. Најголемиот авто-мото настан во Македонија повторно ги исполни очекувањата, поминувајќи во одлично расположение и забава за сите љубители на автомобилите и мотоциклите. Присутните имаа можност да се запознаат со голем број новитети наменети за македонскиот пазар, но и останати додатоци и придружна опрема. И покрај високите температури, веруваме дека третото издание Авто Плус Street Show ги задоволи апетитите на посетителите и продолжува да поставува стандарди во Македонија.

Авто Плус, како најстар автомобилски медиум во Македонија, одново успеа да ги организира и собере македонските импортери и дилери на едно место и на заеднички собир за презентирање на новитетите и актуелната понуда. Во стилот на големите манифестации, настанот повторно беше одбележан со премиери на новите возила.

Преземено од Avtoplus.mk