Авто Плус Стрит Шоу – враќање на традицијата за купување на нови автомобили

25

Најстариот автомобилски медиум во Македонија Авто Плус по речиси 13 години повторно ги обединува македонските увозници на автомобили на една заедничка смотра на новитетите од нивните брендови.

На 11 и 12 мај, на булеварот Илинденска (од Зоолошка Градина до Пионерски Дом Карпош), Avto Plus Street Show ќе обедини петнаесетина автомобилски брендови коишто ќе презентираат безмалку 100 модели на автомобили, повеќето новитети, а некои и со премиера на нашиот пазар. Ќе можат да се видат и целосно електрични, хибридни и спортски модели, а со нив ќе бидат претставници и на придружната индустрија (гуми, акумулатори, авто галантерија…).

Во сабота на пладне манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, а посетителите ќе можат да се дружат со “убавиците на четири тркала“ до 22 часот.

Во недела настанот ќе продолжи во 10 часот, а ќе заврши околу 17 часот, пишува Авто Плус.Организаторите подготвуваат бројни изненадувања, презентации на нови автомобили на, а кој сака ќе може да направи Тест возење на избор од 20-тина модели.