Автобусот од култниот филм “Кој пее таму“ се подготвува за турнеја

43

ko-to-tamo-peva

Реставрацијата на автобусот од култниот филм “Кој пее таму“ (Ко то тамо пева) започна во просториите на Јадран филм во Загреб и по неговото враќање во добра форма, планирана е турнеја низ земјите од поранешна Југославија, пишува порталот Независне новине.

За овој автобус Mercedes од 40-тите години на минатиот век, според претседателот на Јадран филм, Винко Грубишиќ, постои голем интерес не само кај јавноста, туку и кај инвеститорите кои се заинтересирани за реставрација и изнајмување на ова возило.

Се очекува автобусот од препознатливиот филм да ја започне турнејата на крајот на летната сезона, а во проектот, според најавите, ќе учествуваат и “големи имиња од Хрватска и соседните земји“.

Филмот, којшто е снимен во 1980 година, зборува за трагикомична несреќа на патници во дотраениот автобус, кој во 1941 година од една српска провинција се движи кон Белград.