Автоиндустријата се сели на истокот на Европа

56

Источна Европа е на добар пат да ја претекне Западна во производство на автомобили. Во време на криза на пазарите, местото на производство е важен фактор, а најголема предност на источна Европа се ниските трошоци на производство.

Автомобилската индустрија во земјите на западна Европа е една од најголемите жртви на рецесијата. Од 2009 година до денес, производството на автомобили, во Франција на пример, е намалено за 20%, а во Велика Британија за 33%.

Од друга страна, во три земји од централна и источна Европа, Романија, Чешка и Словачка, производството на автомобили доживеа бум во последните три години. Во Романија производството е за пет пати поголемо од 2001 година, а името на романскиот успех е Дачиа, евтин бренд на Рено. Словечка успеа да ги привлече компаниите Хјундаи и Киа, кои таму ги изградија своите најголеми фабрики за европскиот пазар. Чешка, заедно со Шкода, наскоро би можела да ја турне Велика Британија и да се качи на четвртото место во производство на автомобили во Европа.