Автомобилите Morgan ќе станат електрични

39

morgan4418high.91816102431.h0

Британскиот производителот на автомобили Morgan, што прави возила рачно од дрво, алуминиум и челик, ќе премине кон производство на електрични автомобили, пишува Luxuo.

Досегашните модели беа базирани на автомобили од 40-те години од минатиот век, но со модерен BMW V8 мотор. Од 2019 година клиентите ќе можат да си нарачаат еден од спортските модели на хибрид или возило што ќе се полни на струја преку кабел.

Овој чекор следува по дебитирањето на прототип од моделот EV3 на минатигодишниот фестивал Goodwood Festival of Speed.

Возилото, што ќе може да се купи на крајот на 2016 година, е базирано на тркачкиот ретро автомобил со три тркала, со таа разлика што предниот двоен мотор е заменет со електричен мотор и батерии во задниот дел на автомобилот.