Автомобилот на Apple ќе дебитира во 2021 година

52

Компанијата Apple сè уште работи на својот Apple Car, автомобил кој би требало да дебитира во 2021 година.

Apple доби дозвола за тестирање на автономниот автомобил на јавните патишта во Калифорнија уште во 2017 година, а тоа беше огромен чекор за компанијата и нејзиното возило.

Меѓутоа, две години подоцна компанијата исклучи околу 200 луѓе од овој проект, поради што се појавија сомнежи за иднината на планот, но се покажа дека Apple не само што уште работи на автомобилот туку е и две години пред оригиналниот план.

Бројни добавувачи на делови од Тајван се подготвуваат за производство на автомобилот на Аpple.

Новиот извештај e различен од претходните во кои се наведуваше дека Apple е во рана фаза на преговори со добавувачите.

Засега не е точно познато во која фаза е развојот на проектот, но според последните информации се чини дека развојот е при самиот крај.

Фото: Facebook