Автомобилски гигант во САД подели 400 откази

Мултинационалната автомобилска групација Stellantis објави дека ќе укине околу 400 работни места во САД за да ги намали трошоците и да ја подобри ефикасноста, најавувајќи зголемено производство на електрични возила.

Италијанско-американскиот производител на автомобили објави дека ќе укине 400 работни места во областа на инженерството/технологијата и софтверот во САД од 31 март, што е еквивалентно на два отсто од работната сила на таквите работни места во подружниците ширум светот.

„Автомобилската индустрија продолжува да се соочува со невидена несигурност и зголемени конкурентски притисоци ширум светот, па Stellantis продолжува да носи соодветни структурни одлуки за целата компанија за да ја подобри ефикасноста и да ја оптимизира структурата на трошоците“, велат од компанијата.

Шефот на синдикатот: Отпуштаат поради корпоративна алчност
Претходно овој месец, претседателот на синдикатот на United Auto Workers (UAW), Шон Фејн, рече дека Стелантис отпуштил 2.000 привремени работници во САД, припишувајќи ја одлуката на „корпоративната алчност“. Тој, исто така, истакна дека според последниот договор меѓу UAW и раководството, околу 3.000 привремено вработени добиле постојана работа.

Стелантис лани во понудата за отпремнина за доброволно заминување на работниците ги истакна подготовките за „транзиција кон електрични возила“, откако ги информираше вработените дека анализата на бизнисот покажала дека „мора да станеме поефикасни“.

Раководството не соопштува на колку работници им понуди отпремнини. Во февруари објавија дека вработиле 81.341 работници во Северна Америка на крајот на минатата година, во споредба со 88.835 на крајот на 2022 година.

Stellantis планира да понуди најмалку 25 модели на електрични автомобили со батерии во САД до 2030 година.