Автомобилски гигант за 40% го намалува производството

78

Toyota ќе го намали глобалното производство на автомобили за 40% во септември во споредба со претходниот план, поради недостаток на полупроводници ширум светот, пишува весникот Никеи.

Компанијата објави дека планира да произведе близу 900.000 автомобили, но дека целта сега е намалена на околу 500.000.

Повторното проширување на Ковид – 19 ги прекина синџирите на снабдување и производството во фабриките за автомобили поради недостаток на чипови што се користат во возилата.

Toyota, најголемиот светски производител на автомобили, овој месец соопшти дека се соочува со деловна средина без преседан поради новите случаи на Ковид -19 во многу земји, недостатокот на полупроводници и зголемените цени на материјалите.